Историјат за Фудбалски Клуб РАШТАК

ФК Раштак е формиран во есента 1978 година по иницијатива на Душан Спасовски кој воедно бил и тренер на фудбалскиот клуб. Негови помошници во тоа време се Костовски Миле и Павловски Панче. Од своето формирање клубот опстојува од самофинансирање, помагатели и пријатели од с. Раштак.

Во оваа сезона 1978 - 1979 фудбалскиот клуб започнува да се натпреварува во четврта лига (позната како општинска лига Гази Баба). Од 16 натпреварувачки екипи ФК Раштак сезоната ја завршува на 4 то место.

Период 1992 /1997 година Прва скопска лига
Под водство на Бошко Трпковски, Љубе Трпковски и Драган Велковски (тренер и голман) клубот бележи подвиг со тоа што влегува во прва скопска лига на Р. Македонија и оваа сезона ја завршува на средина на табелата. Во ова наптреварување се задржува до 1997 година, но неговото испаѓање не е поради немоќноста да се натпреварува со тие екипи, туку од финансиски причини.

Период 1998 / 2007 година Трета македонска лига 

По испаѓањето од Првата скопска лига клубот 4 години се натпреварува во Општинска лига Гази Баба но под ново раководство, сега со Милош Спасовски, Борис Трајковски и Маријан Костовски.
Во 2007 година ФК Раштак упева да влезе во Трета македонска лига под истото раководство.

Сезона 2009 / 2010 најголем успех на ФК Раштак

Оваа сезона е влезена во историјата на ФК Раштак, а воедно и во историјата на с. Раштак. Оваа сезона  со долгорочниот план и напорната работа на истото раководство фудбалскиот клуб ја има најголемата шанса да се пласира во Втора македонска лига и игра бараж натпревар на неутрален терен (стадион Борис Трајковски) против Еуромилк Г. Лисиче. Но сепак тој натпревар не успева да го добие и на крај резултатот гласеше
ФК Раштак 2 : 4 Еуромилк Г. Лисиче