На падините на Скопска Црна Гора, во самиот почеток на раштевска планина на 700м. надморска височина, на 11 Км далечина од Скопје се наоѓа селото Раштак со најбогатото фолклорно птворештво на подрачјето на Скопје и скопската околина, село од кое произлегува далеку прочуената Раштевска играорна група.

Развојот на фолклорното творештво се одвивало на еден традиционален начин. Целото фолклорно богатство, духовната култура, ората и песните се пренесувале од генерации на генерации, од колено на колено како аманет. Таа традиција продолжува до ден денес.

Развојот на културното творештво во село Раштак се одвивало на еден традиционален начин. Целото фолклорно богатство, духовната култура, ората и песните се пренесувале од генерации на генерации, од колено на колено како аманет. Се негувало чувството на орото, кон ритамот, култот кон песната, убавината на гласот и сето тоа траело со години и векови и продолжува до денеска.