Печати

Фолклорна традиција

ФОЛКЛОРНА ТРАДИЦИЈА

1928 - Во есента, во организацја на Живко Фирфов е организиран целовечерен концерт на народни игри и песни во Народниот театар во Скопје, со учество на играорната група Раштак.
1929 - Во текот на оваа година е организиран целовечерен концерт на народни ора и песно во Офицерскиот дом во Скопје, по повод прогласување на Вардарска бановина.
1932 - Формирана е Играорна група во с. Раштак, од 14 играчи и пејачи.
1935 - На 2 август, на Илинден, во манастирот св. Илија с. Мирковце Скопска Црна Гора, воспоставен е контакт меѓу сестрите Љубица и Даница Јанковиќ кои биле во придружба на Деса Смиљаниќ и Трајко Попов со одреден број на играорци од играорната група Раштак на народно манастирскиот собир, што традиционално секоја година се одржувал, (а продолжува и сега да се одржува но со помал интензитет), на кој присуствува населението од Скопската околија и градот Скопје. Сестрите Јанковиќ биле собирачи на народни игри и песни, а на тој манастирски собор побарале од Трајко Попов со своите соселани да изигра неколку ора, а патем и заедно со сите играорни групи. По завршувањето на игрите на Деса Смиљаниќ и било предложено  при прва прилика играорната група Раштак да биде повикана да настапи во Скопје.

На 22 ноември 1935 година „Коло српских сестара“ во Народниот театар се организира „Сесловенска вечер“ на која со целовечерна програма настапува играорната група Раштак.

Во 1936 година по препорака на етнолозите на Кралска Југославија во Раштак на Велигден со свој придружници етнолози доаѓа Мод Карпелерс од Англија. Нивна задача била изучување на балкански народни игри и песни. Покрај Раштак таа ги посетува и останатите села од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора. По враќањето во Англија во стручното списание за фолклор ќе напише за нејзиното пријатно изненадување од настапот, организираноста и способноста на играорната група Раштак. За нејзините впечатоци во тоа време информираат весниците „ПОЛИТИКА“ и „ЈУЖЕН ПРЕГЛЕД“.

1937 година Раштевската група од Македонија (единствена од поранешна Југославија) е поканета да учествува на вториот фестивал за фолклор во ХАМБУРГ - ГЕРМАНИЈА на кој го освојуваат второто мест. Следствено на резултатите што ги постигнува на тој фестивал како награда на сметка на организаторот добива едномесечна турнеја со автобуски превоз, брод и придружба за време на концертите што ги дава низ Германија, Скандинавија и Австрија. Меѓудругото во јавните гласила односно печатот дадени се фантастични добри критики за кои постојат докази и фотографии од тие настапи. 
За време на европската турнеја важно е да се напомене поканата и настапот на играорната група Раштак на Виенскиот Универзитет во Австрија - Виена (чест на многу уметници денес) на кој домаќинитесе презадоволни од настапот на групата и организираат гала вечера во нивна чест за кој исто така постојат докази и фотографии од тој настан. По завршување на турнејатаво чест на групата биле организирани целовечерни концерти во Белград и Скопје. Учеството на групата на европскиот етно фестивал била една од причините да тогашна Југославија го организира првиот во 1938 година и вториот во 1939 година Етно фестивал кој се одржува во Белград, на кој настапуваат и останатите играорни групи од сите краишта на Македонија.

Како добар познавач на фолклорот и правилата на игра, кон крајот на 1944 година ороводецот на групата Трајче Попов е демобилизиран од 16та Македонска Бригада да формира Ансамбл на народни песни и ора. Истиот Трајче Попов во 1945 година е уапсен заради промакедонски активности и осуден на смртна казна и стрелан 18.08.1946 година на непозната локација. 

Прво формирано КУД во Македонија е КУД Кочо Рацин кое започнува со 8 кореографии од Раштевската група и ороводец е Илија Илиевски од с. Раштак, потоа следат КУД Владо Тасевски, Кузман Јосифофски - Питу, КУД Металец и други.
Овие наведени друштва и останатите подоцна формирани играат изворни ора од сите краишта на Македонија.

По Втората светска војна групата бележи настапи низ цела Македонија, гостува во Албанија, Бугарија и Србија. Својот крај играорната група Раштак по 20 годишно успешно опстојување односно 0д 1928 до 1948 година го крунисува без својот деец Трајче Попов со учество на фестивалот во Битола на кој учествуваат 272 групи од Македонија и на овој фестивал групата освојува една од првите три награди. Од сите фестивали што се одржуваат низ Македонија до 1948 година се прави избор на идниот Државен Ансамбл на народни песни и ора на Македонија, подоцна ТАНЕЦ кој е формиран 1949 година.

Македонските ора кои се изведувани и запишани (а небиле преку 200) пред формирањето на Танец само осум се влезени во тогашниот репертоар на ТАНЕЦ. Иако со грешки во музичката анализа и едноставниот опис на движењата од тие осум ЧЕТИРИ се од Раштевската група - Црногорска, Поступано, Потрчано и Баба Ѓурѓа, ТРИ се од Лазарополската група - Тропнало Оро, Тешкото и Скудринка и ЕДНО е од Гевгелиска (Миравци) - Русалиско оро (сечи моме).

Кога зборуваме за успесите и за се она што направила афирмацијата на македонскиот фолклор  во и надвор од нашата држава, пред и после Втората светска војна играорната група Раштак зборуваме за Македонија. Фолклорот е ДНК на еден народ, тој е дел од идентитетот на МАКЕДОНЦИТЕ.

Се надеваме дека овој проект „ВО ЧЕСТ НА НАШАТА ФОЛКЛОРНА ТРАДИЦИЈА“ како и проектот Видеоспот Песна за Раштак кој е направен и реализиран по идеја на Стевковски Љупчо кој потекнува од с. Раштак ќе охрабри и поттикне многу луѓе да размислуваат на вакви проекти.