Панорама на с. Раштак

Основни податоци за с. Раштак - краток опис

 

С. Раштак се наоѓа на 11 километри североисточно од Скопје. Тоа е составен дел на Скопска Црна Гора. Сместено е во подножјето на Раштавска планина, меѓу селата Љуботен од северозападна и Булачани од источна страна, по течението на Раштевска река при нејзиниот излез од планинскиот дел.
Името го добило по растението кое виреело на тој предел (храстова- дабова шума). Тој простор уште при доаѓањето на првите доселеници бил нараснат со густа дабова шума. Во првите пишани турски документи кои се однесуваат на историјата на македонскиот народ се води под неколку имиња:  Храшко, Храшкова, Храштак, Храшок, Хрсник и Расник.
Подрачјето на селото во должина изнесува 9 километри и 600 метри, а во ширина 2 километри. Располага со 1219 хектари површина од кои 831 се обработливи а 377 се под шуми и пасишта.

Според својата природна поставеност и изледподрачјето на селото Раштак се дели на два дела - на рамничарски и планински.
Рамничарскиот дел односно „раштевско поле“ е обработлив дел на кој се наоѓаат нивите, лозјата, овоштарниците и ливадите. Во полето се одгедуваат сите видови жита и лозја, а околу селото и во негопомалку житни култури, а повеќе градинарски култури.
Планинскиот дел е прекриен со пасишта и шуми. Најзастапени дрва се: бука, даб, гебер, јасен, поретко брест, дива круша, костени, и треви погодни за одгледување сите видови добиток.
Селото со другите села и со градот Скопје било постојано поврзано со два главни патни правци. Едниот е што и сега ги поврзува преку Раштак селата Љуботен и Булачани. Според една легенда, овој пат минувал под селото. Се сметал за главен пат кој ги поврзувал Качаничка клисура кон исток за Грција и Цариград и дека минувачите навраќалево селото и преку тоа селото имало контакти со надворешниот свет.
Другиот патен правец е оној за Скопје. Тој постоел од настанувањето на селото.Сите патни правци се користат и ден денеска, некои повеќе некои помалку. Блискоста на Раштак до метрополата која од него се гледа како на дланка, го прави ова село атрактивно за посета.
Затоа ви посакуваме пријатно добредојде доколку се одлучите да не посетите.